Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи веќе почна да ги проверува наводите во изјавата на млекарот Душко Илиевски дека вечерта кога бил приведен под сомение дека одгледувал марихуана бил тепан од полициски службеник за да го признае делото.
„Доколку се утврди дека е вистина како и во секој друг случај ќе се поведе дисциплинска постапка заради казнување на сторителите, заради казнување на евентуалните прекршители на правилата и процедурите. Исто така верувам дека доколку се утврди спротивното ќе бидат повлечени изјавите и ќе следи извинување“ рече министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
МВР поднесе кривична против Илиевски за производство на 202 стебла канабис сатива на неговата ниво во Градското поле во Битола.
|